January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Димитров: Ставот за Османи ми е од лично сведоштво и од информации од министри и амбасадори на земји од ЕУ

Откако на прес-конференција во средата вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров, изјави дека нема доверба во шефот на дипломатијата Бујар Османи во однос на градењето на ставовите во преговорите со Бугарија, тој во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ изјави дека својот став го темели на две работи: лично сведоштво од состаноците за координација и од информации добиени од министри и амбасадори на земји членки на ЕУ.

Мојата проценка се темели на лично сведоштво на искажани ставови и во рамките на внатрешната координација, а и на информации што ги добивам од министри и амбасадори на земји членки на ЕУ. Мислам дека ќе биде нечесно ако во името на некакви колегијални односи за толку крупно прашање, јас мојата проценка не ја споделам јавно, во ситуација кога нема да бидам таму за да можам самиот да го носам тоа гајле, бидејќи работата на интерна координација кога ќе дојде во таа мера кулминирачка за човек за да обезбеди тоа што мисли дека е преважно да каже: „луѓе ако сакате да одите вон ова ќе мора да одите без мене, не можам да бидам дел од ова, додека сум јас на оваа маса за ова не може да се разговара“.

Оттаму ми се мене елементите и оценката. Настапите во јавноста се една работа, тоа што се случува зад сцената е друга работа. Меѓу другото, тој и во јавност имаше изјава кога кажа мислам дека Бугарија веќе не оди кон идентитетските прашања, а приговорот на Бугарија кон македонскиот јазик во преговарачката рамка до ден денес, за жал, не е симнат. Нема јасен сигнал од таа страна дека се свесни дека без таа работа нема договор – изјави Димитров.

Тој вели дека не му е целта да го нападне или политички да му наштети на Османи, туку да ја предупреди македонската јавноста дека гајлето „ќе мора да се бере“. Сепак, Димитров вели дека треба да се биде фер и да се даде шанса на новата владата и на новиот премиер. Целата статија прочитајте ја ТУКА Извор: република.мк