Енергетската криза среде која се најде новиот кабинет на Владата на Нашата Земја, на чело (хехе) со новиот премиер Димитар Ковачевски, послужи како мотивација за првиот заеднички проект на новиот состав, кој треба да донесе целосна енергетска независност на оваа институција.
Имено, се работи за проектот СоларТаче, со кој е предвидено премиерот да добие два соларни панели, по еден на секое уво, кои ќе ја акумулираат сончевата енергија што се одбива од неговата глава и потоа ќе ја трансформираат во електрична енергија.
За поголема ефикасност и поголемо производство, и на Бујар Османи му било понудено поставување на соларни панели, меѓутоа тој ја одбил понудата со изговор дека не носи перика и дека тоа што го гледаме на неговата глава е природна коса. Извор: кооперација.мк Автор: Иљче
СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Видео: Жестока акција на Руските борбени хеликоптери местото го претворија во пепел
„Српската војска ќе ве срамни со земја“: Со овие збoрови американскиот амбасадор на Косово го убедил Курти да се повлече
Видео: Бугарскиот новинар веднаш го доби одговорот што го бараше