August 9, 2022

Бучковски: Димитров е во голема тага и депресија сега него му е најтешко затоа го советувам да ја

На последната прес конференција како владин функционер, Димитров посочи дека разликите меѓу неговите и ставовите на Владата, се во бугарските барања за македонскиот јазик и ветувањето за конкретни чекори, без контра отстапки од Софија.

И покрај погоре наведените причини на Никола Димитров може комотно да се заклучи дека Димитров доби клоца во газето од новото раководство на СДСМ на чело со Ковачевски.

По добиената клоца во газот Димитров западнал во голема тага и депресија, оваа состојба на Димитров е затоа што Никола нема план Б. Заклучува психологот и експерт во делови Бучко.

Во поголеми детали психологот Бучко го кажа следново: „Како психолог и експерт за делови можам само да кажам дека моментално Димитров е во голема тага и депресија. Појавата на оваа нарушена душевна состојба кај Димитров е поради немањето на план Б што по смената? Еве на примиер и мене ме сменија ама имам план Б се вратив во селото на штрумфовите. Бучко исто така посочи дека му е навистина жал за Димитров и дека го советува тагата и депресијата да ги подели на делови за да може полесно да ги преброди“

Психологот Бучко кажа дека стои на располагање за Димитров, и го кани да дојде во штрумфското село и да започне да работи во улогата на смотанко или лутко. Бучко со задоволство нагласи дека поранешната министерка за одбрана непаднала во депресија благодарение на новата улога затоа што сега била во улогата на штрумфета.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw