January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

БЕГ ќе ги мотивира скопјани почесто да се гушкаат

Најавата на БЕГ дека утре над 54 илјади домаќинства на Скопје ќе останат без парно греење крие хумана мисија на оваа компанија, чија вистинска цел е да ги зближи луѓето и да им помогне полесно да ја пребродат пандемијата која драстично ги намали прегратките и собиранките под јамбол или јорган.

– Се изгубија вистинските вредности. Ги нема веќе оние семејни дружби што ги организирале нашите баби и дедовци пред 50 или 100 години, на кои цело семејство спиело во ист кревет за да ја преживее зимата. Е тоа беа моменти на вистинско поврзување. Но сепак се надеваме дека нашата неспособност ќе успее да ги врати овие времиња. – велат од БЕГ.

За сега не се знае точното време во кое ќе започне враќањето на вредностите, но се шпекулира дека тоа ќе биде околу пладне, за граѓаните да имаат време да ги извадат јамболиите и јорганите од таваните и подрумите.

Извор: кооперација.мк Автор: Иљче