January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Кастриот и Димитров направија стратегија оваа година датумот е добиен

Никола Димитров и Реџепи Кастриот си подадоа рака и направија нова коалиција на политичката сцена во Македонија.

Оваа нова коалиција има една и основна цел а тоа е Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Откако двојката Димитров Кастриот ги здружија силите веднаш решија да направат план како Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Сите детали за новата коалиција Домитров ви ги пренесуваме подолу во целост.

Изјава на новите коалициони партнери во Македонија. „ Ние сме новата сила и новиот фактор на Македонската политичка сцена денеска јас Никола Димитров му подадов Рака на Реџепи Кастриот затоа што Македонија е ограбена и Македонија е во опасност! Мораме да го вратиме украденото од народот и мораме да обезбедиме датум за Македонија! Стратегијата за датумот веќе ја имаме, значи кога веќе ја имаме стратегијата другите ќе треба малку да се подзамислат. Бидејќи годинава паричката се падна кај мене и во Македонија и во Еу нека му ја мислат затоа што секој од Македонија и од ЕУ кога ќе сака да ми рече мали ај оди купи ми цигари и фаќај патот нема функција и нема датум ќе му речам чекај бе полека малку алооо не сум јас северџански бескичмењак па кај мене годинава се падна паричката бе алооо, и штом ја видат паричкат нека му ја мисллат. Во комбинација влегува и мојот коалиционен партнер Кастриот човекот е човек на место и човек од збор кој никогаш не ја заебал работата. Сопругата на Кастриот веќе собрала цела тајфа на бајачи гатачи и гледачи на тарот карти. Тие јасно и гласно и кажале дека коалицијата Димитров Кастриот е топ погодок и дека датум добиваме.“ Истакнаа новите коалициони партнери за медиумите“

НАПОМЕНА СТАТИЈА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ