January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Македонците од Бугарија побараа средба со Пендаровски по добиените 11 пресуди пред Европскиот суд

Претседателот на државата Стево Пендаровски, на барање на ОМО „Илинден Пирин“ Бугарија, ќе оствари средба со нивните претставници во својот Кабинет. Целта на посетата и темите на разговор засега не се познати.

Барањето е испратено до Кабинетот на претседателот и позитивно е одговорено, потврдија од Кабинетот на Пендаровски за МИА, но се уште не утврден точен датум кога ќе се реализира оваа средба.

Барањето е добиено и претседателот Пендаровски ќе ги прими претставници на ОМО Илинден. За точниот датум ќе информираме дополнително, информираат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

ОМО „Илинден Пирин“ е една од организациите и здруженијата на македонското малцинство во Бугарија, која има добиено 11 од вкупно 16 пресуди пред Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија.

Претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано во одговор на прашањето на МИА за неспроведувањето на 16-те пресуди за Бугарија за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство, на прес-конференција во Скопје на 5 ноември минатата година, рече дека општото начело е сосема јасно и дека секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот. Целата статија прочитајте ја ТУКА Извор: република.мк