January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Димитров: По оставката на Заев многу меѓународни пријатели бараа јас да ја преземам Владата

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес одржа прес-конференција по повод заминувањето од оваа функција.

Тој нагласи дека не се повлекол од позицијата туку бил сменет затоа што не се сложува како се одвиваат преговорите со Бугарија.Тој вели дека има несогласувања со Бујар Османи кој инсистира на решение по секоја цена.

„Јас не сум човек што се повлекува од битки. Не се повлеков затоа што чувствувам одговорност и сметам дека позициите што ги застапувам во процесот на преговори со Бугарија се исправни и важно е да се одржат. Имав сериозна битка внатре, особено во последната година, во однос и на дефинирањето на националните позиции, значи нивната суштина ама и на стратегијата, односно текот на самите преговори. Таа битка не беше тајна, разликите беа евидентни и во јавните пораки.

Тој објасни дека оваа битка кулминирала, еднаш во Брисел, еднаш во Скопје и оти јасно кажал дека преку поставените граници нема да дозволи да се помине по каква било цена, а најмалку по цена на мојата позиција во Владата, давајќи до знаење дека со мене за некои работи едноставно нема разговор. Целата статија прочитајте ја ТУКА Извор: република.мк