January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Ќе има ново министерство – министерство за оставки во мирување

Новиот предлог набрзо ќе се најде пред пратениците во собранието, сегашните владини представници имаат за цел да формираат ново министерство кое ќе се вика „МИНИСТЕРСТВО ЗА ОСТВКИ ВО МИРУВАЊЕ“.

Од владеачката гарнитура појаснија дека ова министерство ќе ги прибира оставките на сегашните ама и идните политичари од сите партии во Македонија кои имаат намера да дадат оставки но притоа оставките да ги почекаат на неопределено време затоа што им било тешко на политичарите да ги одлепат газињата од фотељите во кој сега се удобно седнати и имаат пуштено длабоки корења.

Во овој момент ова е само предлог кои во најкус можен рок треба да се најде пред пратениците во собранието на Република Македонија.

Според експертите и здруженијата за заштита на правата на оставките овој вид на министерство е повеќе од потребен затоа што оставките немаат право да бидат понижувани на ова ладно време поради негрижата на некои политичари кои велат си поднесувам оставка и после некое време оставката ја ставам во мирување на неодредено време

Напомена статијата е сатира.