January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Во живо од Скопје за последните случувања и дојави

Најава за терористичи напад вечерва ја крена полицијата на нозе.

Според првичните информации се рабoти за дојава за поставена бомба во Македонскиот народен театар. Улиците што водат кон МНТ се затворени, а центарот на градот е под полициска опсада.

Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ, информираа од МВР.

– Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, наведуваат од МВР.

Видеото погледнете го ТУКА Извор: инфомакс.мк