January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Heпристoeн пpeдлог од Гаши за 3aeв: Алтернатива бара три министерски места и еден вицепремиер

Алтернатива бара во новата Влада да влезе со три министерски места и еден вицепремиер. Дали тоа ќе биде прифатено или не ќе се знае по средбата која Заев и Гаши треба да ја одржат во наредните два дена, информира за Телма висок функционер на Алтернатива, пренесува Телма.

Во партијата во тек се разговори за програмските определби, но и за кадровските решенија, министри, заменици министри, директори на државни институции.

СДСМ ќе чека одговор од Алтернатива. Убедени се дека тие ќе прифатат да влезат во Владата а со четворицата пратеници ќе се зголеми и парламентарното мнозинство. Една од најзначајните причини поради кои Алтренатива би влегла во Влада е да обезбеди стабилна Влада и стабилно мнозинство поради почетокот на преговори со ЕУ, велат од владејачката партија. Целата статија прочитајте ја ТУКА Извор: инфомакс.мк