January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Нов немил настан ја потресе цела Македонија

По претходно донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, обезбедени Наредби за приведување на осомничени лица од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде насоки на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи за преземање на дејствија. Во акцијата се приведени тројцата осомничени за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил две продолжени кривични дела и тоа кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, додека останатите двајца осомничени сториле продолжено кривично дело Трговија со дете.

Првоосомничениот, татко на шест деца, од кои на три малолетни девојчиња, искористувајќи исти прилики во подолг временски период извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерка. Во исто време второосомничената злоупотребувајќи ја својата положба, како мајка на детето кое не наполнило 14 години, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест со третоосомничениот. Таа му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш од по 500,00 денари, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето – одбиело, мајката употребувала физичка сила. Целата статија прочитајте ја ТУКА Извор: инфомакс.мк