January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Повторно тензично на средбата Заев Гаши – Гаши Заев ми заби нож во грб

Денес повторно има средба помеѓу Заев и Гаши темата на разговор е повторно да се обезбеди мнозинство за да се направи функционална влада.

Од неофицијални избори дознаваме дека и денес средбата е многу тензична едниот вика дека тоа што е понудено е многу малку а другиот пак вели дека тој што има амбиции да биде во владата бара премногу.

На почетокот од средбата се било сосема ок и целата игра била како што треба се додека еден од двајцата не се полакомил премнигу и му ги искинал нервите на другиот.

Во текот на играта Гаши испаднал од контрола и се налутил затоа што Заев испаднал безобразен и знаејќи дека има и друга опциија сепак му забил нож во грбот.

Изјава на Гаши: „ Се сретнавме со Заев онака како што беше и договорено дојде беше насмеан и расположен за игра. Седнавме на Масата одбравме боја на фигури и почнавме да играме НЕЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ, уште на самиот старт сетив дека нешто не е во ред инсистираше да играме со негова коцка јас прифатив, по одредено време приметив дека цело време му се паѓа шеска кога реагирав ме пресече и ми рече абе Гаши треба уште да учиш затоа што тајната е во зглобот. Бев спремен да проголтам се и да продолжи разговорот и играта нелути се човече но Заев претера јас бев точно пред влегување во куќичката и кога Заев повторно фрли 6 со коцката наместо да извади друго човече тој не извади туку ми го бутна човечето што ми беше пред куќичка . Епа да си знаете иако играта се вика нелути се човече таа постапка на Заев ме налути многу затоа што не игра ферски и незнае да држи баланс во играта после тоа ќе ме моли за влада ама нема да има влада ако продолжи вака да ја игра партијата.“ Се вели во изјавата на Гаши.

Потоа ние како што е ред побаравме изјава и од Заев како што е редот да се знае приказната и од двете страни, Заев за нас ја даде следнава изјава.

Изјава на Заев: „ Мене ми е многу битно Господинот Гаши да биде дел од новото парламентарно мнозинство, но играта сепак се вика нелути се човече кога е мој редот како сакам ќе играм ако сакам ќе те бутнам ако несакам ќе куртулиш. Игра е игра тоа е светот на игрите“

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ