January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Пукање во Скопје во пукањето биле замешани и политичари

“Пукањето на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Чаир, беше по сите еколошки стандарди и протоколи, како што доликува на една зелена партија.” – тврди лидерот на зелените од ДУИ, Али Ахмети, кој денес одговораше на неколку новинарски прашања за овој случај и објасни за што се работи.

“На митингот во Чаир светската и домашната јавност по прв пат можеа да ги видат еколошките куршуми, направени од барут што не е штетен за природата и животната средина, специјално произведен за потреби на партијата. И сите од ДУИ на идни митинзи, свадби, прослави…ќе мора да ги користат нив. Вистина малку се поскапи, ама ниедна цена не е превисока за доброто на природата.” – рече Ахмети.

Тој откри дека покрај куршумите и пиштолот што е користен во пукањето е направен од рециклирани пиштоли и дека се’ ова всушност е ПР трик за промовирање на нивните зелени политики и кревање на свесноста за заштитата на животната средина.

Напомена! Статијата е сатира

Извор: кооперација.мк Автор: Иљче