September 16, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

За да може да патува до Брисел: Бујар Османи му вгради плин на тротинетот

Најзелениот министер во Владата, првиот дипломат – Бујар Османи, продолжува со имплементирање на зелената агенда на ДУИ со нов, до сега невиден изум, кој за прв пат во историјата ќе овозможи тротинетите да се користат на долги релации.

Се работи за иновацијата плински тротинет, која е патент на министерот Османи и неговиот автомеханичар, мајстор Африм од Студеничани, и која според нив ќе направи револуција во транспортот на вработените во МНР, кои во иднина ќе патуваат на самити и приеми со ова превозно средство.

Османи соопшти дека овие тротинети нема да се возат на македонските патишта поради состојбата во која тие се наоѓаат, па при подолги патувања, како на пример од тука до Брисел, тие ќе се транспортираат со камион до Табановце и од таму ќе продолжат кон крајната дестинација.

Извор: кооперација.мк Автор: Иљче

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА