December 1, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Заев: Не се бричам се додека не го вратам името Македонија!

Иако изјави дека пуштил брада на барање на синот, но и за да го одмори лицето, од извори блиски до стилистот на премиерот Зоран Заев, дознаваме дека тагата, болката и очајот од промената на името се вистинската причина поради која одбива да се избриче.

Како што ни пренесе нашиот извор, се’ започнало пред околу месец дена во салонот на стилистот на премиерот, каде тој ја примил веста дека Бугарија повторно го блокира нашиот напредок на европскиот пат и разочаран што повторно е изигран, се решил на овој радикален чекор.

Во тој момент одржал емотивен говор и се заколнал дека брадата ќе го покрива неговото лице се’ додека не ѝ го врати името и достоинството на мајка Македонија, кој случајно бил снимен од ПР службата и ќе се емитува на сите телевизии ден пред локалните избори. Извор: кооперација.мк Автор: Иљче

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ