September 16, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

„Ви благодарам храбра и мудра девојко! Јас сум вашиот цар! Александар Македонски!“

Александар III Македонски е една од најважните личности во македонската историја. Тој е роден во Пела на денешен ден во 356 година пр.н.е. Иако замина прерано сепак постигна многу повеќе од некои кралеви кои целиот свој живот царувале. Достигнувањата на Александар Македонски му се познати на целиот свет и секој знае барем по некој историски факт за него.https://motika.mk/reklami/inarticle.html

Сепак помалку познати се интересните легенди кои кружат околу македонски крал од династијата Аргеади. Една таква легенда говори за несудена љубов која можеби ќе тргнела во сосема друг правец да се развивале работите поинаку. Ова е легендата за Александар III Македонски и прекрасната Бела Ица.

Секакви момчиња кои доаѓале од најоддалечените места на Македонија се обидувале да го освојат срцето на Бела Ица и да ја земат за жена. За жал сите се враќале со голема болка во срцето, затоа што девојката ги одбивала. Некои ја имале таа среќа барем да ја видат оддалеку и со тоа да бидат задоволни и среќни. И со длабок занес да зборуваат за таа магична средба.https://motika.mk/reklami/inarticle.html

Бела Ица не била позната само со својата убавина, туку и со нејзината храброст, мудрост и снаодливост. Ретко излегувала од семејниот имот, а уште поретко се мешала сред народот. Имала чудесни желби и копнежи, поинакви од другите, сакала да шета само по планината, да ги совладува височините и карпите, да трча по падините. Најголема желба имала да јава на нивниот бел коњ. Кога ќе загосподарел ваков копнеж во нејзината душа, се облекувала во машки алишта, носела сабја и како комита на белиот коњ јуришала по планината. И птиците пееле за нејзината убавина, бистрина и храброст.

Еден убав сончев ден Бела Ица се облекла во својата најубава облека, долго време ја дотерувала нејзината кадрава, долга коса, која се спуштала по нејзината витка снага и била вистинска богиња – убавица. Понесена со чудесен занес со бардињата в раце се спуштила по каменливиот рид кај изворот. Само што го наполнила првото барде, кај изворот пристигнала коњаница од царски луѓе. Бела Ица најпрво се збунила, но набрзо се смирила и го наполнила и другото барде. Царските луѓе изморени и испотени седнале по карпите околу неа. Кога се исправила ги стаписала со нејзината убавина. Веднаш го препознала нивниот водач кој од другите се разликувал по облеката и убавината. Сосема смирено како газела му пришла со сребрен насмев по нејзиното румено лице:https://motika.mk/reklami/inarticle.html

„Вие сте уморени и жедни. Напијте се непознат делијо!“: Сите онемеле и збунето гледале кон планинската убавица.

„Ви благодарам храбра и мудра девојко! Јас сум вашиот цар! Александар Македонски!“, ѝ одговорил тој.

„Да ви се многу години честити цару!“, дополнила возбудената Бела Ица.

„Да си ми жива божице на убавината. Ти си дарувана за мојот царски двор, да бидеш моја или да избереш еден од моите дворјани. Ти не си за да живееш во овие планини.“

„Јас сум среќна што сум родена во овие предели. И вечно би останала овде, но ако е ваша царска желба да живеам во вашиот двор, јас би се покорила на вашата заповед, честити цару!“, се поклонила и му ја бакна десната рака.

„Вашата желба треба да ја слушне татко ми. Тој никогаш не е против моите желби.“, дополнила Бела Ица.

„Во право си мудрице-девојко убавице. Ќе дојдам дома со моите најблиски. Но за тоа треба да помине малку време, јас сум тргнат на далечен пат. А кога ќе се вратам, ќе ја позлатам твојата рака, ќе те земам во дворот за мене или за друг дворјанин. Сакам да си секогаш во моја близина.“, ја успокоил Александар.

„Како ќе посакате честити цару, нека биде по ваша милост, јас сум млада, имам време за чекање.“

„Моите зборови се закон за мене и не ги повлекувам. Тоа што го ветив ќе го исполнам.“

По овие зборови, царот Александар Македонски се поздравил со Бела Ица и со својата дружина јурнале по патот.

Бела Ица ги зела бардињата, полетала по ридот, се искачила на карпите од каде долго гледала во царските луѓе, кои брзале со своите коњи по патот кој се извивал крај реката.

За оваа средба Бела Ица ѝ кажала само на мајка и и на никој друг. Легнувала и станувала со спомените од таа средба, верувала на царските зборови, затоа одбила стотини младинци кои ја бараа за невеста. И Бела Ица стрпливо чекала. Настанот постепено се бришел од нејзиното лице, имала лошо претчувство и една вечер во длабоката ноќ почукал некој странец на вратите. Тоа бил царски човек кој ѝ дал злато на Бела ица. И го соопштил најтрагичното, дека царот Александар Македонски починал во далечините, но испратил порака за Бела Ица, пари и понуда да оди во царскиот двор. Таа се ожалостила, не сакала ни едно, ни друго. Посакала само да остане во родниот крај. Царскиот човек ѝ ги оставил парите и заминал.

Следувале долги и непреспани ноќи за Бела Ица. Еден ден одлучила со парите на местото од каде што го виделасаканиот цар да подигне црква на карпите и височината од каде се открива патот и црквата да ја посвети на Александар Македонски. Тоа и го сторила. Од останатите пари Бела Ица им подигнала куќи на тие што ја граделе црквата. Така почнало да се оснива селото. Селаните во нејзина чест по нејзината смрт ова село го именувале со нејзиното име Бела Ица, а подоцна од тоа Белица.

Црквичка Александрија, Белица

Црквата Александрија многу настрадала за време на турската наезда, но повторно била обновена, но за жал од разбојници пак разрушена и ограбена. И денес постои на истото место црквиче кое го носи името Александрија и секоја година во него се слави славата Александрија на 26 мај. Оваа слава е летна слава за целото село.

Ова предание и денес беличани го чуваат како скап завет и го пренесуваат од колено на колено.