September 16, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Во МВР пронајден полициски службеник со вистинска диплома

Висок полициски службеник во МВР ексклузивно за Кооперација си ја отвори душата и откри дека поседува вистинска диплома за завршено високо образование на државен факултет, која ја крие од своите колеги од страв дека ќе стане предмет на подбив.

– Се плашам дека ако дознаат нема да ме остават да дишам од зафркавање. Ова не го зборам од памет, туку од искуство. Имав колега кој на месец дена пред пензија реши на сите да им признае дека е факултетски образован и му ги извадоа ѕрцките. Отиде дури до кај министерот да се жали, ама и тој, кога му кажал зошто е дојден му, се искинал од смеење. Не издржа и две недели пред пензија си даде отказ. – ни изјави нашиот соговорник.

За да биде поуверлив пред своите колеги, тој дури и купил лажна диплома од факултетот за детективи на струшкиот градоначалник Мерко за да влезе на работа, додека вистинската диплома ја закопал на непозната локација. Извор: кооперација.мк Автор: Иљче

СТАТИЈАТА Е САТИРА