September 16, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Предизборна бomба од Охрид: Црвенковски застанал зад независната листа на локалните избори во градот

На шпекулациите од јавноста изминатиов период дали поранешниот ретседател Бранко Црвенковски застана зад независната листа „Охрид пред се“, адвокатот Владо Чингоски признава:

Ќе бидам искрен. На почетокот беше само наша иницијатива, која потекна од поединци, за да може целосно да функционира советот, да го вратиме дигнитетот на Советот. После извесно време имавме и некои контакти од други политичари, не конкретно со господинот Црвенковски, кои ни ја дадоа поддршката, за на крај да имаме поддршка и од експретседателот Бранко Црвенковски.Но таа поддршка е во рамките на неговите можности, повеќе е вербална, отколку било каква друга. Јас имав една средба со господинот Црвенковски, кога му ја образложив нашата програма. Разговаравме многу, особено околу работата на локалната самоуправа. Му објаснивме се и ја имаме неговата поддршка. Ова е вербална поддршка, но нас ни значи многу. Не само неговото име со кое застана зад оваа иницијатива, туку и од многу други политичари. Поддршка добивме затоа што објаснавме дека не сме за задоволување на лични интереси, туку бараме луѓе кои ќе го претставуваат Охрид, вели Чингоски во интервју за Уан медија.

За престојните локални избори во Охрид е формиран нов Иницијативен одбор за поднесување листа на независни кандидати за членови на Советот на Општината. Мотото и називот на листата на независни кандидати е „Охрид пред сè“. Според иницијаторите на листата составена од поранешниот пратеник на СДСМ Томе Чинговски, Димитар Велјаноски, Јован Мирчески, Никола Пројкоски, професорката Елизабета Баракоска, Лидија Стојановиќ, адвокатот Владо Чинговски, Рита Наранџоска, Горан Трајкоски, Ивица Будески, целта е Советот да работи за интересите на граѓаните, а не да води партиски политики и, како што велат, да биде продолжена рака на градоначалникот на Општината.

Целта е да партиципираме толку колку ќе успееме во Советот. Главниот мотив е Советот да го ставиме на она место кое го има со Законот за локална самоуправа, односно Советот да не биде продолжена рака на градоначалникот или пак на партиските политики кои не секогаш кореспондираат со интересите на граѓанита туку да биде орган кој ќе произлегува од Советот и ќе работи исклучиво за граѓаните. Советот е збир на советници избрани од страна на граѓаните и тој треба да ја има функцијата на парламентот, нормативната дејност, донесување одлуки, а со тоа и контрола на работата на градоначалникот и водење на локалните политики, вели Владо Чингоски.

Целото интервју ТУКА Извор: инфомакс.мк