October 20, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Видео: Здравјето на Камчев е во cepиозна опасност

Здравствената состојба на бизнисменот Орце Камчев е сериозно загрозена предупредува неговиот адвокат, Еленко Миланов.

До судот е доставена обемна медицинска документација од најголемите кардиоваскуларни стручњаци во Република Македонија, тие укажуваат на многу висок ризик по здравјето на Камчев во условите во кои се наоѓа.

-И сакам само уште еднаш да упатам апел до сите институции, здравствената состојба на господинот Камчев за што доставивме обемна медицинска документација од четири институции и од без малку сите кардиоваскуларни стручњаци во Република Македонија, укажуваат на многу висок ризик од условите во кои се наоѓа да може да има страшни последици по неговот здравје, вели Миланов.

Според адвокатот на Камчев погрешна е правната формулација, бидејќи тој што ги пуштил прв парите во промет не може да биде обвинет, бидејќи не се исполнети законските претпоставки.

-Во конкретниот случај не може да оди оваа правна формулација (нелегално стекнување со имот и перење пари) и ваков обвинителен акт. Затоа што оној кој што според она што денес го кажа обвинителката тој што ги пуштил како прв парите во промет, не може да биде обвинет, не се исполнети законските претпоставки. Второ слушнавме во воведниот говор, нови докази за наводни транакции. Трансакции финансиски без економско вештачење какво што ниту е најавено, ниту направено од обвинителството не може да има. Ќе докажеме дека ништо од ова не е со средства на тој начин и на било кој друг, туку дека сите средства кои потекнуваат од овие купувања на удели се од деловно работење на Орка компанијата, потенцира Миланов.

Тој истакна дека кај неговиот клиент нема никаква вина, а направено е и економско вештачење кое тоа го потврдува.

-Со она што го имам до овој момент на увид сметам дека нема никаква вина во таа насока ние изготвивме и економско вештање со кое тоа го потврдуваме, заклучи Миланов. Видеото можете да го погледнете тука. Извор: инфомакс.мк