October 20, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Воз со cyлфурна кисленина се прeврте од пругата во Србија

Вагон со сулфурна киселина се преврте денес на линијата меѓу Бор и градот Заградје, но нема повредени, објавија денес железничките компании „Србија карго“ и „Инфраструктура на српските железници“.
На делот од пругата помеѓу Бор и Заградје, во 14,50 часот, вагонот се преврте на страна, а железничкиот сообраќај во моментов е во прекин.


„За време на несреќата, забележано е истекување од резервоарот, па специјализирани противпожарни единици и екипи на МУП веднаш излегоа на местото на настанот, и го обезбедија и заштитија подрачјето и местото на истекувањето“, се наведува во соопштението.
Товарниот воз со број 53753, кој сообраќал од Шабац од Бор до Прахово, вклучувал 18 вагони со цистерни, кои се во сопственост на компанијата „Еликсир“.


Заедничката железничка комисија за истражување на вонредни настани исто така излегла на местото на настанот, која ќе ги утврди причините за овој лизгање, како и стручните служби на компанијата „Еликсир“, јави Танјуг. Извор: инфомакс.мк