October 20, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Го oдби непpиcтојниот предлог на 3aeв: BMPO-ДПМНЕ не ја прифаќа Северна

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја менува со новото уставно име Резолуцијата за црвените линии со Бугарија.

Ваква одлука донело раководството на партијата на синоќешната седница на Извршниот комитет, по условот од премиерот Заев дека СДСМ ќе ја поддржи Резолуцијата ако го содржи новото име „Република Северна Македонија“, а не негова кратенка или старото име „Република Македонија“. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати една одлично структуирана Резолуција, да стане предмет на партиски калкулации и пазарења, велат од партијата на Мицкоски.

– Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ останува на предложениот концепт за единство на сите политички партии, зад текстот кој е создаден и напишан од врвните научни, образовни и општествени институции МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА.Фактот што СДСМ одлучи да го промени својот став по трет пат и да отвора теми кои не се поврзани со содржината на резолуцијата, за жал ги ослабнува позициите на Македонија во било какви идни разговори со Бугарија, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

Реагираа од СДСМ. „Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја предлагаат Резолуцијата за да се усвои или за да заглави во формални процедури заради нивниот лажен патриотизам?“, прашуваат од владејачката партија, додавајќи дека одредбите на македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно.

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ минатата недела влезе во собраниска процедура, но нејзината судбина останува неизвесна. Од собранискиот спикер Талат Џафери се уште нема одговор дали ќе ја прифати како уредна и кога би можела да се најде на дневен ред пред пратениците. Извор: инфомакс.мк