October 20, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Макрон: Кога прозборе Зоран Заев посакав да ми удрат уште еден шамар

На сите веќе ни е добро познато дека премиерот на нашата и вашата земја РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКАРОНИЈА беше во посета на Франција и оствари средба со Францускиот претседател Емануел Макрон. Веднаш по средбата претседателот на владата на РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКАРОНИЈА даде изјава дека сме имале силна ПОДРЖКА од Франција за почеток на преговори и затоа треба сите да бидеме истрајни и сложно да им ги ПОДРЖИМЕ на сите во ЕУ за конечно да влеземе таму каде што и онака сакаат насилно да не набутаат. Во продолжение на статијата имате детали за тоа што кажа Макрон по средбата со премиерот на РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКАРОНИЈА.

Изјава на Макрон: „ Леле мајко мила кај се сретнав кај се заебав, јас му првам муабет за влез во ЕУ, а тој упорно ми зборува за некакви сушени пиперки и прашоци за перење, дека ќе било добра бизнис зделка. Јас пак му велам човеку батали тоа дај да ве внесам во ЕУ а тој ми вика абе сакаш да ти ја местам бившата „Јелена“ демек му била прва љубов. Му велам во ред де да ја видам кога има што да видам дете сирота едвај 45 години да имаше му викам ЗоЌи дај заеби млада е не ми мести деца, дај молимте да зборуваме за ЕУ. Таман си реков конечно ќе зборуваме за ЕУ конечно го убедив ми вика ЧЕКАЈ СТОЈ! Ќе зборувам на Француски му велам ШТООО? Е добро ајде зборни да се вратиме на ЕУ темата и кога прозборе искрен да бидам посакав да ми удрат уште еден шамар само да не го слушам како зборува“. Се вели во изјавата на Францускиот претседател по средбата со премиерот на нашата земја РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКАРОНИЈА

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА КОЈА Е ЦЕЛОСНО ИЗМИСЛЕНА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ