December 1, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Во текот на саботната Парада на гордоста во Мајами, САД, пикап ури во двајца пешаци, едниот го усmрти, а другиот е повреден, соопшти локалната полиција.

Двајцата мажи се однесени во здравствениот центар Бровард, каде едниот почиna – изјави детективката Али Адамсон. Другиот се очекува да преживее.

Таа потврди дека ФБИ помага во истрагата, но одби да каже дали истражителите веруваат дека инцидентот бил намерно предизвикан

Засега ги проценуваме сите опции – додаде Адамсон, но вели сите опции се отворени.

На видо-снимката на локалната телевизија, кои ги прикажа „Си-ен-ен“, по инцидентот се гледа како едно машко лице е спроведено во притвор, но Адамс не сакаше да потврди дали тој е осомничен за несреќата.