December 1, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Во обид да го направи невозможното и да ја убеди Бугарија да ја тргне блокадата за преговори со ЕУ пред 22 јуни кога Советот за општи работи одлучува дали ќе отвори преговори со земјава, Владата веднаш по средбата Заев – Радев во Софија испрати последен предлог до нашиот источен сосед.

Како што дознаваме, во него стои дека во замена за симнување на ветото, македонскиот јазик ќе се стави во „мирување“ во институциите, поточно ќе стане јазик на една од националностите во Нашата Земја, а на негово место, најпрвин во преговорите со ЕУ, а малку подоцна и во службената комуникација ќе се употребува „англискиот на Заев“.

Доколку Бугарите го прифатат овој предлог, лингвистите ќе имаат малку време, а многу работа додека да ги соберат сите зборови кои Заев погрешно ги научил и да ги постават основиот на новиот јазик што ќе се користи во преговорите со ЕУ, училиштата и државните институции. Извор: кооперација.мк Автор: Иљче

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СОСЕМА СЛУЧАЈНИ