Забавниот парк во Битола, во кој вчера беше презентирана новата маса со шаховска табла, ќе биде збогатен со уште нови содржини, како што е маса со табла за „Не лути се човече“, која треба да биде поставена деновиве.
– Масата со шахот наиде на воодушевување помеѓу членството. Од тоа заклучивме дека не сечија интелигенција е доволно висока за да може да ја игра таа игра. Токму затоа најпрвин поставуваме една маса за „Не лути се човече“, а потоа ќе додадеме уште неколку. Оти да бидеме реални, таму ќе е гужвата! – изјави градоначалничката Наташа Петровска.
Првата поставена маса ќе биде донација од кабинетот на градоначалничката, додека за останатите општина Битола ќе објави тендер кој ќе биде отворен за сите столари и дрводелци со членска од СДСМ. Извор: кооперација.мк Автор: Иљче
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ХУМОР И САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ