Член на Шарена Револуција: Верувајте, сакам да имаше причина за протест против владава!!!

Екипата на Кооперација.мк успеа да стигне до ексклузивно интервју со член на Шарената Револуција, органско движење на граѓани кои се тука да протестираат против секоја влада што ќе се однесува нелегално, неуставно и неправедно.

Секако, мотото “Нема правда – Нема мир” иако беше превземено од афро-американците од органското движење “Black Lives Matter” останува синоним за македонската Шарена револуција.

Неколку години подоцна, ова движење се уште се нема активирано, Зошто? Дали нема правда? Дали има мир? Кој го уби Ченто? И останатите битни прашања беа одговорени за нашиот сајт од страна на еден анонимен член на ова движење.

“Видете мене ми е стварно непријатно вака луѓе кога прашуваат зошто главните од движењето влегоа во влада и зошто се уште нема протести. Ама стварно ми е непријатно пошто луѓе ќе мислат дека ние сме симпатизери на некоја партија. Ама ве уверувам, нема оваа влада ништо лошо направено. Останува факт дека нема да има мир се додека нема правда. Ама сега има премногу правда. Оваа влада нема ништо згрешено и се уште нема причина за протестирање. Дури непријатно ми доаѓа колку е перфектна оваа влада. Ама ете, ве убедувам, дека јас прв, органски и без никаков притисок и без никакви партиски обележја ќе излезам да протестирам пред владата, а верувам и други членови на ова органско здружение ќе го направат истото. Ама се уште нема некоја причина за собирање. Во спротива, ве уверувам, ќе се гледавме во првите борбени линии!” – ни одговори овој господин. Извор: кооперација.мк Автор на статијата З Стефковски

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw