December 1, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Нова промена што го доближува човештвото еден чекор поблиску до прекин на поделбите!

Имено, Мила Царовска најави дека во учебниците по “Историјата нема да се прекине како предмет, ама нема да постои повеќе хаха ај да не ти објаснувам сега друг пат ќе збориме хаха” нема да се учи за партизаните.

“Доста беше поделби. Децата учат за Партизани? А што ако децата навиваат за Црвена Звезда? Дали ова значи дека Партизаните се подобри од Звездашите? Не е убаво да ги учиме децата од мали години за стереотипи што поделуваат. Затоа, нема да се учи за партизаните, а богами нема ни да се учи за работничката класа, освен ако не се воведе и учење за МЗТ класата.” Извор: кооперација.мк Автор: З Стевковски

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ