ИНСПИРИРАН ОД ДУИ: Ванчо Чифлиганец стана овластен геодет

Зелената платформа што ја презентираше ДУИ, а не е на Матка, охрабри и охрабрува сè повеќе луѓе да не се откажуваат од своите детски соништа и да продолжат да ја следат својата страст.

Еден од нив е и бизнисменот, Ванчо Чифлиганец, кој од денес е овластен геодет, сон што го сонувал уште од мали нозе, но под притисок на своите родители се откажал од него и станал бизнисмен.

– Мерењето е моја страст од дете. Во пубертет со денови седев со лењирот во ВЦ и мерев сè што ќе ми дојдеше при рака. Тогаш прв пат забележав дека должината варира на топло и ладно. Моите имаа проблем со тоа што цели денови поминував заклучен во ВЦ и ми го скршија сонот…и лењирот. Ама животот е чудо. 50 години подоцна, сум во ситуација да се вратам во детството и да продолжам таму каде што застанав на 12-13 години – во ВЦ-то на моите. – рече Чифлиганец навраќајќи се на младоста.

Неговата нова фирма ќе почне со работа веднаш за да го фати најпогодниот период за мерење – летото и ќе работи само во јуни, јули и август. Извор: кооперација.мк Автор: Иљче

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw