October 20, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

ПРЕДАВСТВО: Два диносауруси од дино паркот аплицирале за бугарски пасош

Бронтосаурусот Борис и трицератопсот Јанко од новоотворениот дино парк во Скопје, се двајцата предавници кои по само две недели живот во Македонија, се откажаа од македонското државјанство и го контактираа Красимир Каракачанов да започне постапка за вадење на бугарски пасош.

– Не сме од вчера, ама лагите што ги слушнавме тука за само 14 дена нема да ги слушнеме па да живееме уште 5 милиони години. Баш тоа праиме муабет со колегава, што народ живее тука што го трпи ова цели три децении. Вистина нашата кожа е дебела, ама не е до толку. И ајде само да ве лажат. Туку и ве трујат, ве крадат, а вие молчите. Навистина не ве разбирам. – рече трицератопсот Јанко и додаде:

диносарусите се гневни на Шилегов

– И наместо фрустрациите да ги насочите кон тие што ги довеле до тука, вие ги истурате на нас. Еве лично јас до сега изгубив три заби. И може да се рече дека лесно поминав. На други им ги кршат опашките, ги јаваат, им се качуваат на глава… Затоа подобро ќе сум Бугар, отколку жртва на насилство! – поентираше тој.  

Неговиот колега, Борис, додаде дека вчера имале дилеми дали да ја потпишат изјавата со која ги потврдуваат своите бугарски корени, но кога виделе дека ДУИ се ребрендира како зелена партија, знаеле дека носат вистинска одлука и дека ако сакаат во ЕУ Бугарија им е единствена шанса. Извор: кооперација.мк Автор: Иљче:

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ