November 30, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Драги Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе пропее за Зоран и Вице Заев, за сите бизниси и се што знае за работењето на браќата Заеви. Откако се раширија гласините Заев панично по медиуми почна да кружи со приказната дека Рашковски работел законски, и дека не верува дека сторил криминал. Заев со таквите изјави од позиции на прв во владата изврши притисок врз судството и обвинителството и му даде сигнал што да прави, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев се дрзна да влијае на постапка затоа што знае дека Рашковски е негов директно потчинет во владата. Се што знае Заев во голема мерка знае и Рашковски. Дека Рашковски е свесен за калта во која заглавил доказ е и префрлањето на имотот врз своите малолетни деца. Што и од кого крие со тоа? Дали со тргањето имот од себе сокрива некаква трагаК, прашуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека судството и ЈО не смее да подлегнува под притисокот на Заев. Рашковски не смее да има можност за влијание врз постапката.

– 4 години видовме како Заев го контролира судството и обвинителството. 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е, додаваат од партијата. Извор: курир.мк