January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Му ги истегна ли Ердоган на Заев ушите заради Седат Пекер?

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здарвство, Венко Филипче, вчера престојуваше во Истанбул на средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, при што главната вест беше дека Турција ќе и донира на Македонија 30 илјади дози од вакцините „Синовак“. Ништо премногу изненадувачки, со оглед на историски добрата соработка и поддршката што Турција ја давала и ја дава за земјава.

Сепак, посетата на Заев на Истанбул има неколку интересни аспекти, особено во контекст на времето и начинот на кој се случи.

Патувањето во Турција дојде доста одненадеш, односно не беше однапред најавено, нешто што власта ревносно се труди да го прави со секоја можност за донација на вакцини за земјава, кои по неколкупати и доста бомбастично се најавуваат долго време однапред.

Дополнително, количината на вакцини што ќе ги добиеме од Турција (со должна почит и благодарност за турската донација и великодушност) не е толкава за да бара неопхопдност од патување до Истанбул за да биде соопштена. Особено што праксата покажа дека и десетпати поголеми донации биле проследени со обична објава на прес-конференција во Скопје. Целата статија прочитајте ја ТУКА Извор: република.мк