ПО ШЕЌЕРИНСКА: Зоран ќе биде новиот заменик на претседателот Заев

ПО ШЕЌЕРИНСКА: Зоран ќе биде новиот заменик на претседателот Заев

Премиерот Зоран Заев денес соопшти дека по интензивна и опсежна потрага, што траела со секунди, конечно успеал да пронајде достојна замена за заменик-претседателот СДСМ, Радмила Шеќеринска, која најави повлекување од политиката.   

Се работи за релативно познат лик, кој му се спротивстави на претседателот на партијата Заев на последните внатрепартиски избори и за влакно не ја однесе победата.  

– Идејата ни е да покажеме дека кариерата во СДСМ не завршува само затоа што те поразиле на избори.  – Ако бевме таква партија, кариерата на Шеќеринска ќе завршеше уште одамна, по катастрофалните порази што ѝ ги нанесе Груевски. Ама не сме! Затоа и сакам да му дадам втора шанса на колегата Зоран, кој секое утро културно ме поздравува од огледало и да му посакам сѐ најдобро во понатамошната работа. – рече Заев.  

Веднаш по обраќањето на Заев, се обрати и неговиот заменик Зоран, кој се заблагодари на укажаната доверба и вети дека прво што планира кога ќе стапи на функција е да направи минивал фризура, а потоа ќе ја смени профилната слика на Фејсбук профилот на заменик-претседателот на СДСМ. Извор: кооперација.мк Автор на статијата Иљче

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ХУМОР И САТИРА

МАКЕДОНИЈА