October 7, 2022

ПОПИСОТ ПРОДОЛЖУВА: Пратениците ќе донираат скафандери за попишувачите

Генијалната идеја на пратеничката од владејачкото мнозинство, Бисера Костадиновска – Стојчевска, да дојде на гласање во Собрание со скафандер, го инспирираше премиерот Зоран Заев да го раскине договорот со Мицковски и веднаш да го продолжи спроведувањето на пописот.

– Набавивме три скафандери за тројцата пратеници во изолација и истите ќе им ги донираме на попишувачите откако ќе заврши седницата. Покрај ова, очекуваме и неколку соседни земји да ни донираат скафандери, а за тие што нема да успееме да набавиме, јас лично ќе им подарам кеси за отпад и ќе ангажирам кројач кој ќе ги претвори во скафандери. – рече премиерот.

На листата донатори на скафандери го има и името на Бојан Јовановски – Боки13, кој од притвор го донираше сребрениот скафандер што го носеше кога, во присуство на премиерот и сите министри од власта, доби награда за неговата хуманитарна работа. Извор: kooperacija.mk Автор на статијата Иљче

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw