October 7, 2022

Maкедонските истopичари со одговop за Евpoпpaтеникот: Македонската истopија е иcпишанa, нe мoжe дa се кopeигиpa од стpaнци

Ставот на македонските историчари е различен од идејата на европратеникот Андреас Шидер.

Ќор-сокакот во кој западнаа разговорите меѓу Македонија и Бугарија за историските прашања, Европа се обидува да го одблокира со вклучување „еминентни странски историчари“, кои би се вклучиле во работата на заедничката македонско-бугарска историска комисија. Поаѓајќи од досегашните искуства, комбинаторики, еквилибристики и калкулации на Унијата, се наметнува дилемата дали земјава би добила или, пак, би изгубила од вклучувањето на тие странски експерти.

Сугестијата на претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Македонија

Имено, нејасно е врз кои, какви и чии документи би се повикувале странските историчари при анализата на личности и настани, дали тие би биле од архиви од другите европски центри или, пак, и Македонија и Бугарија ќе нудат и отстапат своја документација околу која никогаш не се согласиле. Дополнително прашање е колку тие странски историчари ќе бидат непристрасни, а и колку нивната работа ќе биде полезна ако не се подлабоко инволвирани во овдешните состојби и не го познаваат духот на народите што живееле на овие простори за да можат да помогнат, без да ги повредат историските факти и со тоа нечии чувства.
– Имам сугестија за заедничката комисија доколку нејзината работа остане заглавена како сега, можеби треба да поканиме двајца или тројца еминентни историчари од ЕУ што немаат инволвираност во регионот да помогнат да се стави прашањето во научна рамка – порача на виртуелниот брифинг претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Македонија, Андреас Шидер. Целата статија ТУКА Извор: инфомакс.мк

EfIhjEhiVZjACvmw