October 7, 2022

Нови детали за аферата со пасошите големата афера создаде големи проблеми

Врз основа на овие извештаи, Европската Комисија дава препораки. Неисполнувањето на условите може да биде основа за активирање на механизмот за суспензија на визите.

Европската Комисија не го коментира случајот со фалсификуваните пасоши од С. Македонија, но потсетува дека редовно врши ревизија на критериумите за безвизен режим, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако се појавија шпекулации во јавноста дека Македонија би можела да го изгуби безвизниот режим со ЕУ поради фалсификуваните пасоши во МВР, од Европската Комисија потсетуваат дека безбедноста на личните документи е клучна.

-Она што можеме да го кажеме е дека прашањето за безбедноста на документите е еден од условите за либерализација на визниот режим, според кој земјите ослободени од визи имаат обврска да ги усвојат и имплементираат соодветните административни мерки, одговорија за МИА од портпаролската служба на Европската Комисија. Целата статија прочитајте ја ТУКА

EfIhjEhiVZjACvmw