October 7, 2022

Испратено писмо до Рашковски во писмото од него се бара следново

Ти пишувам да прашам како си, како патуваше, се смести ли добро? Какви се собите, има убав поглед? Чисти пешкири и мини бар, хехе? Долго ли чекаше за претовар и дали си зеде ужинка за по пат, да не те мислиме?
Брат, Мексико е преубаво место, топ туристичка дестинација и си направил навистина одличен избор да одмориш од деноноќното програмирање софтвери. Па и ти си човек мајкуму, очите ти испаднаа на она компјутерине.
Уживај таму, има навистина што да видиш само не фрлај пари по Маријачи и Го Го баровите, ти си фамилијарен човек и не ти личи да правиш глупости, посвети се на знаменитостите и на богатата култура на Ацтеките и Маите. Имаат и одлична храна, но ти не претерувај со кечадиља и такоси и никако, ама никако немој да мешаш чоколадо и лути зачини оти пролив ќе те стегне ќе те искине, бербат ќе се направиш сред плажа.
Внимавај и на сонцето во Канкун, гледам на прогноза ќе има силно сонце, да не се зафркнеш како јас еднаш кога бев на одмор, ама во Претор, па да си го уништиш одморот и да си дојдеш со меури назад.

Ние тука добри сме, се мачиме, скенираме фискални, гледаме пресови на Филипче, миеме раце, чекаме целосен локдаун и да се смилува Зоки да фрли некој ваучер на рајата па да изнакупиме ловечки паштети и макарони 2+2 гратис со дрвена мешалка од Стокомак и така… Ама арно е, викај ,,Ура”, да не се жалиме оти може и полошо да биде.
И донеси некое магнетче за на фрижидер, потроши некој песос хехе хе… Хе.

Пиши кога ќе можеш.
Убав помин, ти праќаме поздрави од нашата земја. Извор: republika.mk

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ХУМОР И СЕКОЈ ДОНЕСУВА СОПСТВЕНА ОДЛУКА ОТКАКО ЌЕ ЈА ПРОЧИТА ИСТАТА! СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ ОСВЕН ОНИЕ КОИ НЕ СЕ

EfIhjEhiVZjACvmw