August 2, 2021

tvvesti.com

секогаш проверени информации

Тасевски: Вас колку затвор треба да ви дадеме што ќе го лажирате пописот?

Шлаемот велепредавнички на власт ни се заканува со пет години затвор ако одбиеме да се попишеме, пишува актерот Сашо Тасевски, коментирајќи го вчерашното интервју на директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, во кое се закани дека кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е казна од 5 години затвор.

Така, само со закани продолжете! Гнаси фашистички. А на вас колку затвор треба да ви дадеме што ќе го лажирате пописот???
Колку затвор што го сменивте името по неуспешен референдум?
Колку затвор што ја побугарчувате историјата.
Колку затвор за тоа што дојдовте на власт со лаги дека имате докази за масакрот кај Смилковци, дека парите ќе ги вратат, дека ќе има одговорност и затворски казни за големите злодела кои наводно ги откривте со аудио бомбите.
Бандо предавничка, какам на вашиот лажиран попис, пишува Тасевски.

Извор: republika.mk