Kaко мал Kapaкачанов не го гушkaле: Maкедонците ги caкаат caмо Cpбите и Белград

Kaко мал Kapaкачанов не го гушkaле: Maкедонците ги caкаат caмо Cpбите и Белград

Софија ќе му даде согласност на Скопје да започне преговори за влез во Европската унија кога Северна Македонија ќе престане да го учи населението да ги мрази Бугарите и сите други, да ги сака само Белград и Србите, рече бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој рече дека Бугарија не стави вето на почетокот на преговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ. Според неговото мислење, ставот на Софија е дека им се дава време на соседите да се подобрат – пред сè да се ослободат од говорот на омраза кон Бугарите.

Каракачанов го истакна фактот дека во македонските учебници има многу искривени и навредливи информации за бугарската историја.

Рековме дека ќе дадеме согласност за почеток на преговори кога ќе се подобрат и кога ќе сфатат дека не смеат така да се однесувате со соседите со кои, како што тврдат, имаме заедничка историја. „Не смеете да започнете да ги учите децата да ја мразат Бугарија од прво одделение“, рече министерот за Бугарската национална телевизија. Целата статија ТУКА Извор: infomax.mk

Uncategorized