Левица поднесе кривична пријава против Нина ГРУПЕР

Левица поднесе кривична пријава против Нина ГРУПЕР

Денес Левица до Основното јавно обвинителство (ОЈО), поднесе кривична приjава против поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска (ГРУПЕР). Причината за пријавата е тоа што таа, додека била на функција, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит во вкупен износ од 250.000 евра од  Еуростандард банка непосредно пред банката да пропадне, со што ја искористила службената положба за остварување лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители

По повод оваа пријава, нашиот член на Президиумот, Јована Мојсоска, денес пред ОЈО, одржа прес – конференција, со цел да ја информира јавноста.

„Со ваквото умислено и противправно однесување пријавената го прекршила член 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси со што се исполнети условите за кривичен прогон по службена должност за сторено тешко кривично дело Несовесно работење во службата.“ Целата статија ТУКА Извор: levica.mk

Uncategorized