January 21, 2022

tvvesti.com

секогаш проверени информации

ВМРО-ДПМНЕ ОТКРИВА НОВ СКАНДАЛ ПОВРЗАН СО ВЛАСТА

Овој викенд во Софија се одржуваат тајни средби помеѓу македонски бугарски владини претставници, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова досега Заев не го негираше. Според нашите информации се разговара за договор за јазикот, историјата, идентитетот и народните херои при што македонските владини претставници биле договорени да попуштат во црвените линии и ги прифатат бугарските максималистички барања.

Заев ги продава државните интереси на тајни средби додека во Македонија ја замајуваат јавноста.

Алармираме Заев и неговата влада во заминување да не и прават штета на државата и ниту еден договор кој ќе биде штетен нема да помине и нема да биде прифатен од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија не е на продажба“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Извор: kurir.mk