February 26, 2024

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Доби громогласен аплауз од сите присутни го прогласија за крал па неможеше да ги задржи солзите од среќа

Македонија е во центарот на светското внимание, денешниот самит на ОБСЕ повлече многу човечки ресурси за негово беспрекорно функционирање.

Сите знаеме дека најголемата спортска сала во државата преку брз и адекватен тендер беше приспособена за одржување на ОБСЕ самитот.

За наша среќа успеавме да заштедиме пари за преведувачи кои добро го познаваат англискиот јазик, кога се во прашање странските јазици поранешниот премиер Зоран Знаев се истакна во право светло и блесна во полн сијај.

„Сите викаа дека додека сум бил премиер само сум дрпал пари но денес се покажа дека тоа не е така бидејќи сум одличен со странските јазици особено англискиот за време на самитот на ОБСЕ преведував се што требаше да се преведе од странските јазици особено англискиот а за сето тоа не наплатив ништо еден симболичен ручек што каснав толку тоа е тоа и ај после тоа речете дека сум бил лош човек“. Потоа по лицето на Зоран Знаев се видоа солзи радосници кои неможеше да ги контролира додека се тркалаа по неговите црвени образи.

Присутните гости беа воодушевени од способности на Зоран Знаев па вонредно изгласаа на светско ниво да се воведе новиот англиски -Заевачки англиски и му подарија громогласен аплауз на Зоран Знаев и му доделија титула крал на англискиот јазик

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ!!!

ДОКОЛКУ СТАТИЈАТА Е КАТЕГОРИЗИРАНА КАКО САТИРА СО ЗАКОН Е ЗАБРАНЕТО ДА БИДЕ ЦЕНЗУРИРАНА!!! СЛОБОДАТА НА ГОВОР Е СТОЛБ НА ДЕМОКРАТИЈАТА!!!

EfIhjEhiVZjACvmw