December 8, 2023

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Мојата фондација ќе донира пластичен прибор за јадење и пиење во владата за да нема повеќе повреди со исекотини

Последните случувања на балканско ниво очигледно го вклучија загружувачкиот аларм.

Фондацијата на нашиот поранешен премиер реши да донира пластичен прибор за јадење и пиење на владата за да нема повредени во иднина со исекотини од скршени чаши и чинии.

„Како прв човек на мојата фондација донесов одлука да донираме голема количина на прибор за јадење и пиење во владата. Кога видов како лумпува нашиов во кафана и пее си реков лелее па овој ќе се расече ко лубеница крв ќе џврка мора да му донирам пластичен прибор“.

Премиерот со тимот од владата му се заблагодарија на поранешниот премиер З.З и истакнаа дека отсега секогаш кога ќе се организира балканска пијанка ќе си го носат пластичниот прибор со себе за да не летаат срчи на сите страни кога ќе им ја погодат песната.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ!!!

ДОКОЛКУ СТАТИЈАТА Е КАТЕГОРИЗИРАНА КАКО САТИРА СО ЗАКОН Е ЗАБРАНЕТО ДА БИДЕ ЦЕНЗУРИРАНА. СЛОБОДАТА НА ГОВОР Е СТОЛБ НА ДЕМОКРАТИЈАТА!!!

EfIhjEhiVZjACvmw