Докторите во нашата држава денес имаа полни раце работа.
Тројца членови на владата поради брзо трчање завршија во болница со скршени прсти на нозете.
Немилиот настан се случил во близина на владата, сите детали од настанот ги имате во продолжение.
„Денес испаднавме надвор од владата за да работиме за доброто на народот, само што застанавме на еден тротоар близу до владата ги здогледавме ЕУ реформите и ЕУ преговорите се погледнавме и си рековме ВО ИМЕ НА ДРЖАВАТА И ДОБРОТО ЗА НАРОДОТ АЈДЕ ДА ГИ ФАТИМЕ!!! Трчајќи по реформите и почетокот за преговори поради некоја чудна магија пред нас се појавија камења на кои пишуваше добри тендери па се загледавме во камењата се сопнавме од нив и си ги искршивме палците на нозете“.
Нашиот премиер беше во болница да ги посети повредените членови на нашата влада. Тој ни кажа дека тие се добро и дека се надвор од животна опасност но ни откри дека еден од членовите на владата е сеуште во шок и постојано повторува АХХ КАКО СЕ СОПНАВ НА КАМЕНОТ АААХ КАКО ПАДНАВ АААХ КАДЕ МИ Е БИФТЕКОТ ОД ЏОБОТ МНОГУ МИ СЕ ЈАДЕЕЕ!!!
Ете за жал овој ден повторно испадна малерозен за нашата влада и нејзините членови не успеаја да ги фатат почетокот за преговори и реформите па затоа народот ќе мора да си почека.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАНИ!!!
ДОКОЛКУ СТАТИЈАТА Е КАТЕГОРИЗИРАНА КАКО САТИРА СО ЗАКОН Е ЗАБРАНЕТО ДА БИДЕ ЦЕНЗУРИРАНА. СЛОБОДАТА НА ГОВОР Е СТОЛБ НА ДЕМОКРАТИЈАТА!!!
НОВОСТИ
120 години Македонска воена индустрија наскоро ќе го лансираме црешовото дронче
Откако го фатиле и сликале на полицајците им побарал баклава но тие му кажале дека нудат само еклери и турски кобасици
Барам цимер за доживотно живеење во четири ѕидови шифра палец од лева нога