December 8, 2023

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Поради рефермите на владата и способноста на политичарите дури 53 000 граѓани од Македонија се преселиле во Германија

Нашата сегашна влада, но и сите политичари воопшто од 1991 до денес неуморно работат за доброто на народот и никако поинаку.

Доброто работење на сегашната но и на предходните влади се докажа како многу успешно, а резултатот од овие успеси е дека во 2022 година 53 000 наши граѓани се иселиле во Германија, но оваа бројка е само во Германија.

За 2023 сеуште нема одредени бројки но најверојатно бројот е многу поголем.

Ваквата состојба во државата лидерите на политичките партии ги натера да седнат на заедничка маса и да извлечат заклучоци.

„Кога разбравме дека во 2022 година само во Германија се иселиле 53 000 наши граѓани како политичари многу се загриживме, седнавме на заедничката маса и одлучивме во избирачкиот список да ги вметнеме и оние од другиот свет бидејќи некој мора и да гласа! Нашите анализи покажаа дека на гласачите од оној свет не им се потребни ниту храна, ниту лекување, ниту, пензии, абе топ гласачко тело за секоја Партија во Македонија!“.

Бидејќи се ближат избори, секоја од партиите за доброто на народот ќе истакне пред преостанатите граѓани програма за „МОЛЗЕЊЕ И СТРИЖЕЊЕ НА НАРОДОТ“ Епа народе нека ни е наздравје молзењето.

По дефиниција Македонската демократија е „ИЗБИРАЧКИ ПРОЦЕС ВО КОЈА 2 МИЛИОНА ОВЦИ ИЗБИРААТ КОИ ВОЛЦИ ЌЕ ГИ ЈАДАТ, МОЛЗАТ, СТРИЖАТ, ИТН“.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ!!!

ДОКОЛКУ СТАТИЈАТА Е КАТЕГОРИЗИРАНА КАКО САТИРА СО ЗАКОН Е ЗАБРАНЕТО ДА БИДЕ ЦЕНЗУРИРАНА. СЛОБОДАТА НА ГОВОР Е СТОЛБ НА ДЕМОКРАТИЈАТА!!!

EfIhjEhiVZjACvmw