Железничкиот сообраќај во државата е во големи проблеми, да бидеме реални поголеми се шансите да влеземе во ЕУ од шансите да се среди состојбата во железницата.
Само што прекина штрајкот во железницата, веднаш се поајвија нови проблеми односно се заглави локомотивата на мостот ка Стоби.
Некои велат дека мостот попуштил и дека не е безбеден, други велат дека локомотивата се разипала затоа што ноќеска Груевски ја расипал за да ги нервира од владата.
Новата состојба во железницата им даде супер идеја на политичарите тие ќе организирааат натпревар во буткање па кој ќе ја избутка локомотивата ќе биде премиер.
„ Господинот Груби нека не вреска многу, влегуваме во предизборен период и затоа така зборува ама колку и да зборува јас ќе бидам премиер и точка. Ние двајцата моментално сме на мостот кај заглавената локомотива и ќе се натпреваруваме па кој ќе ја бутне локомотивата ќе биде премиер“.
Натпреварувачкиот тим на „ЌУРКИТЕ“ се сигурни во победата затоа што тие го знаат марифетот за буткање на локомотиви.
Противничкиот тим тимот на „НЕЖНИТЕ“ им порачаа на курките да го прифатат фактот дека тие се победници и дека државата ќе добие нов премиер.
Натпреварот во буткање на локомотиви ќе биде надгледуван од жири комисија составена од амбасадори.
Претседателот на државата исто така сакаше да ја бутка локомотивата но се исплаши дека зелената боја на локомотивата можеби е криптонит па се повлече од натпреварувањето.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ!!!
ДОКОЛКУ СТАТИЈАТА Е КАТЕГОРИЗИРАНА КАКО САТИРА СО ЗАКОН Е ЗАБРАНЕТО ДА БИДЕ ЦЕНЗУРИРАНА. СЛОБОДАТА НА ГОВОР Е СТОЛБ НА ДЕМОКРАТИЈАТА!!!
НОВОСТИ
120 години Македонска воена индустрија наскоро ќе го лансираме црешовото дронче
Откако го фатиле и сликале на полицајците им побарал баклава но тие му кажале дека нудат само еклери и турски кобасици
Барам цимер за доживотно живеење во четири ѕидови шифра палец од лева нога