December 8, 2023

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Во Велес открив илегална организација за малку ќе паднев и коските ќе си ги искршев поради нив

Нашиот министер за внатрешни работи овие денови е многу рашетан по државата, целта на овие шеткања е тој лично да се увери какви се состојбите во секторите на МВР.

При посетата на Велес Министерот сосема случајно откри дека во градот има илегална внатрешна организација која сака да го повреди или пак можеби да му извирши и атентат.

„Во овој период сум во обиколка на државата за да видам како работат секторите на МВР. Кога бев во Велес сосема случајно открив илегална организација во градот која сака да паднам и да си ги искршам коските или пак сака да ми направи атентат. Да бе да сериозно ви кажувам на еден тротоар ми наметиле даски на кои се спрепнав па за малку ќе паднев и коските ќе си ги искршев!“.

Стапицата за Спасовски наместена од атентаторите

Во овие мометнти специјалните единици на МВР ги бараат членовите на оваа тајна илегална организација за истата да биде разбиена.

По овој настан преку тендер се нарачани сунѓер одела, овие одела ќе мора да ги носи секој министер за да се заштити од евентуални стапици кои би го сопнале и би си ги искршил коските.

Тендерот кој е веќе распишан го носи кодното име „СУНЃЕРОТ БОБ“.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ!!!

ДОКОЛКУ СТАТИЈАТА Е КАТЕГОРИЗИРАНА КАКО САТИРА СО ЗАКОН Е ЗАБРАНЕТО ДА БИДЕ ЦЕНЗУРИРАНА. СЛОБОДАТА НА ГОВОР Е СТОЛБ НА ДЕМОКРАТИЈАТА!!!

EfIhjEhiVZjACvmw