Овие денови на телевизиите и интернет просторот гледавме циркус односно како вработените од ЕВН Македонија неможат да влезат во Слупчане за да ги завршат своите работни обврски затоа што на крајот на краиштата тоа е нивна работна обврска и за истата се платени.
Спреченоста на екипите од ЕВН да ги извршуваат своите работни задачи на територијата на Слупчане ги натера некои од нашите политичари да најдат решение на овој проблем па вработените на ЕВН во иднина безпроблеми да влегуваат на територијата на ова село.
Бидејќи погореспоменатиот проблем испадна дека е доста сложен во решавање на овој проблем се вклучија Претседателот Стево П, Премиерот Димитар К, и секако министерот за надворешни работи Бујар О. За среќа решението е веќе најдено а за што станува збор ќе дознаете преку изјавата на министерот за надворешни Работи.
Бујар О „Како министер за надворешни работи ја известувам јавноста дека заедно со претседателот Стево П и премиерот Димитар К заеднички најдовме решение за проблемот помеѓу ЕВН и жителите на Слупчане за таа цел вработените на ЕВН ќе добијат визи со неограничен рок на важност но само за влез во Слупчане и сакам да потенцирам дека доколку вработените од ЕВН и со визите не бидат пуштени да влезат тогаш ќе можат да го контактираат амбасадорот на нашата земја кој ќе амбасадорува во Слупчане“.
По давањето на изјавата министерот Бујар О го прашавме што се случи со амбасадата во Арачиново но тој вешто го одбегна одговорот и ни кажа дека нема време за други изјави затоа што премиерот и претседателот го чекаат на ракиичка и таратурче.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Мислела дека нема да се омажи поради црна Магија но сепак на крајот…
Бил Гејтс: Со секој купен Windows 10 или 11 добивата гратис спреј против комарци наместо антивирус
Испитувањата на паднатиот метеор во Бугарија докажаа дека вселената има Бугарско потекло