December 8, 2023

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Целата влада е под лекарски надзор бидејќи еден министер е каснат од генетски модифициран комарец

Додека сите си шеткаат по одмори и си уживкаат нашата влада сеуште неуморно работи за доброто на народот.

За жал овој пат хероите од нашата влада се под лекарски надзор бидејќи еден наш министер е каснат од генетски модифициран комарец и е во критична состојаба.

Портпаролот на владата преку систем за морзеова азбука ни ја даде следнава изјава.

„Требаше да имаме состанок за сработеното до сега во име на народот на самиот почеток се беше во ред но по еден час еден член на владата кој е познат по јадење на државен трошок почна да се чеша и да вика НЕСАКАМ БИФТЕЕЕК ДОНЕСЕТЕ Е МИ ПУТИНОВ СТЕК И СИБИРСКИ КНЕДЛИ!!! НЕ НИ ТРЕБА ЕУ И НАТО ДА ОДИМЕ КОН РУСИЈА , БРИКС И ЕВРОАЗИЈА!!!! Да бидам реален кога премиерот Ковачевски го слушна ова се препоти па потоа му се згади и почна да повраќа, па откако поврати премиерот знам дека се напи и рицино за да се испразни и целосно прочисти од штетноста на руското влијание во владата кое се појави поради генетски модифициран комарец.

Нашите последни информации се дека моментално целата влада е во карантин и е надгледувана од врвни доктори специјалисти кои дипломирале кај „МЕРКО“.

А да ќе заборавевме Министерот кој беше каснат од Генетски модифициран комарец моментално е на инфективно одделение во една позната ветеринарна станица.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw