December 8, 2023

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Путин: Пригожин да престане да си игра Крушевска Република

Случувањата не само во Украина туку и во Русија овие денови се главна тема на интернет.

Како што ни е на сите добро познато Воените сили на Пригожин беа само на 500 километри од Москва, но според најновите информации тие се веќе во Белорусија.

За да се стави крај на сите шпекулации во врска со случувањата овие денови за нашиот портал Путин го даде следното соопштение.

Путин: „ Мислам дека е крајно време Пригожин да ја прекине играта Крушевска Република затоа што републиката нема да му трае 10 дена како онаа во 1903 година што ја создадоа Македонците а сега Бугарите сакаат да им ја украдат. Значи не ме гледајте зачудено добро реков Крушевска република! Нашите тајни служби ме известија дека претседателот на Република Северна Мадагаскардонија господинот Стево П. На Пргожин тајно му испорачувал Црешови топчиња кои требаше да бидат искористени за завземањето на Москва од страна на Пригожин“.

По изјавата на Путин нашиот Тим го контактираше Претседателот Стево П а тој само кратко ни изјави:
Ве молам не ме замарајте со Путин во моментов сум на Онли Фанс и се дружам со Нивес од Хрватска.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА

EfIhjEhiVZjACvmw