Откако владиниот состав со радост соопшти дека новото парламентарно мнозинство е со бројка 65 кажа дека нема да запре се додека оваа бројка не се зголеми се промени на супериорниот број 69 затоа што бројот 69 е симболика за реципроцитет колку јас тебе толку ти мене а не како до сега еден само да дава а другиот вечно да чека.
Сегашното зголемено владино мнозинство покрај тоа што донесува радост донесува и потреба од поголеми мерки за претпазливост поради појавата на коалиционо владино неверство.
За да го реши погоре наведениот проблем нашиот премиер Ковачевски измислил механизам.
Ковачевски: „ Со гордост можам да кажам дека измислив механизам за да дознаам кој од владините партнери ме изневерува механизмот е мошне едноставен пред секој предходен и нов коалиционен партнер односно пратеник ставаш чаша со вода на која што е иштампан ликот на Груевски, Доколку коалициониот партнер односно пратеник реагира бурно кога ќе ја види чашата со ликот на Груевски тоа значи дека ти е верен и не е доведена во прашање партнерската љубов кон владините тендери но доколку преќути и се понаша како ништо да не гледа тоа значи дека има тајна врска со Груевски па ме изневерува за да ја кутне сегашната владина коалиција“.
Сега за сега не е познато колку би коштал тендерот за набавка на чаши со ликот на Груевски за да може изумот на Ковачевски да Функционира.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА
НОВОСТИ
Славјанка: Руските војници исплашени дезертираат и доаѓаат кај нас затоа што нашата влада ги покачи платите
Славјанка: Зборувавме со Зеленски и заклучивме дека Путин премногу се плаши од супериорноста на црешовите топчиња
Пендаровски: Со големо жалење и соопштувам на јавноста дека лансирањето на сателитот пропадна затоа што Груевски го хакираше системот на НАСА и ја промашивме вселената